“Машинокоп” е приватна компанија основана во Кавадарци со 155 вработени со седиште Плоштад Маршал Тито 17/2Кавадарци.
Главна дејност на “Машинокоп” е површинска и подземна експлоатација на минерални суровини, со специјални рударски машини како и градежна механизација. Технички, “Машинокоп” е опремен со: електричнибагери, хидраулични багери, електрични бушалици, хидраулични бушалици, стандардни дампери, зглобни дампери, гумени ваљаци, железни ваљаци, ваљаци (гума, железо), булдожери, дозери, грејдери, камиони – кипери, утоварни лопати, камион за транспорт на бетон, камион – пумпа за бетон, финишери итн. Специјализирана е заизведување на минерски работи, промет со експлозивни материи за стопански активности во рударството и градежништвото како и изградба на објекти, техничко испитување и анализа и подигање на згради кои спаѓаат во споредна дејност. Во рамките на овој комплекс работи и песокара за сепарирани фракции со капацитет од 60 m3/h, бетонска база со капацитет од 65 m3/h, тубиера за производство на бетонски цевки за фекална канализација од ф150 до ф1000, каменолом за дробен камен (дијабаз) со капацитет 80 m3/h, како и асфалтна база со капацитет од 100 t/h. Во областа на рударството на “Машинокоп” му се доделени работи во повеќе каменоломи и рудници низ Републиката, а му се доверени и специфичните работи на браната Кнежево-Злетово. Во прашање е колектив со силна механизација кој зад себе оставил резултати во површинска и подземна експлоатација во рудниците и каменоломите во Р. Македонија и странство.
“Машинокоп” денес претставува компанија која е подготвена и е во реализација на површинскиот коп БУЧИМ Радовиш, Ржаново-Фени индустри и РЕК Битола, Брод-Гнеотино за ископ на руда и јаловина но во зависност од инвеститорот Друштвото има капацитет од 5-10 милиони метри кубни во текот на годината. Компанијата годинава ќе почне со реализација на проектите во Р. Македонија како што се: пробивање, проширување и асфалтирање на патишта, ископ на песок, чакал, камен како и други рудници за металични и неметалични суровини. Заради специфичностите на холдинг компанијата го пренесуваме профилот и на целата компанија на која и припаѓаат:
– “Елта – 96” Кавадарци и
– “Машиноградба” Кавадарци