Главна дејност на “Машинокоп” е површинска и подземна експлоатација на минерални суровини, со специјални рударски машини како и градежна механизација. Технички, “Машинокоп” е опремен со: електричнибагери, хидраулични багери, електрични бушалици, хидраулични бушалици, стандардни дампери, зглобни дампери, гумени ваљаци, железни ваљаци, ваљаци (гума, железо), булдожери, дозери, грејдери, камиони – кипери, утоварни лопати, камион за транспорт на бетон, камион – пумпа за бетон, финишери итн.

Специјализирана е заизведување на минерски работи, промет со експлозивни материи за стопански активности во рударството и градежништвото како и изградба на објекти, техничко испитување и анализа и подигање на зградикои спаѓаат во споредна дејност. Во рамките на овој комплекс работи и песокара за сепарирани фракции со капацитет од 60 m3/h, бетонска база со капацитет од 65 m3/h, тубиера за производство на бетонски цевки за фекална канализација од ф150 до ф1000, каменолом за дробен камен (дијабаз) со капацитет 80 m3/h, како и асфалтна база со капацитет од 100 t/h.

Во областа на рударството на “Машинокоп” му се доделени работи во повеќе каменоломи и рудници низ Републиката, а му се доверени и специфичните работи на браната Кнежево-Злетово. Во прашање е колектив со силна механизација кој зад себе оставил резултати во површинска и подземна експлоатација во рудниците и каменоломите во Р. Македонија и странство.